Родово базирано насилство

АКЦИИ ПРОТИВ РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО ВО РУРАЛНА СРЕДИНА ДОЛНЕНИ

Со овој проект ЦГИ и Луна Тринити Тренинг центар за личен развој, комуникација и советување работат со населението во Општина Долнени, посветувајќи внимание на малата информираност и проток на информации за родово базираното насилство во општината, каде што жртви се жените, соочени со традиционалното однесување кое е рефлектирано со затворен круг на комуникација, особено за сето тоа што се случува во нивното семејството. Овој проект е креиран со цел да се поддржат жените во нивните акции против родово базираното насилство, со тоа што од наша страна ќе бидат информирани за законодавството и како заедно како семејство може да се дејствува против насилството без дополнителни конфликти што би можеле да доведат до зголемено насилство.

dav

Со проектот се обезбедува правна и психолошка помош на жените – жртви на родово базирано насилство во Општина Долнени, од страна на правник и психолог кои исто така се жени. Се реализираат серија на предавања за правна заштита и мерки против родово базираното насилство. Се креира одржливо партнерство со Мултисекторскиот тим од Прилеп кој што работи на семејно насилство и преку ова партнерство да се обезбеди поефикасна помош на жените- жртви од родово базираното насилство.

Во шестте села во Општина Долнени: Ропотово, Црнилиште, Лажани, Дебреште, Долнени и Житоше, во кои го реализираме проектот, беа дистрибуирани информативни фалери на македонски, албански, турски и бошњачки јазик за информирање на населението за проектните активности и како да се воспостави комуникација со психологот и правникот ако им е потребна помош. За одбележување е дека тимот на експерти кој ги релизира средбите на терен со населенито е добро прифатен и воспоставена е одлична комуникација, а веќе се регистрирани и првите случаи на насилство за кои жени од овој регион побарале помош.
Проектот се реализира во периодот: јуни 2017 година – мај 2018 година, а се реализира со средства од Германската амбасада во Република Македонија.