МАПСИ

logo-mapsi

Македонска активна платформа за социјална инклузија – МАПСИ

Проектот е финансиран од Европската Унија

Проект ˮМакедонска активна платформа за социјална инклузијаˮ имплементиран од Охрид Институт за економски стратегии и меѓународни односи – Скопје во партнерство со Македонското женско лоби – Скопје се имплементираше во периодот од 15/12/2015 – 15/06/2017. ЛУНА ТРИНИТИ беше избрана за координатор на активностите реализирани во општина Прилеп.

Општа цел на проектот:

Креирање на Македонска Активна платформа за социјално вклучување (МАПСИ) – вкупно 18 активни платформи – мрежи кои ќе вклучуваат широк спектар на теми и целни групи, со цел значително да се подобри статусот на ранливите групи на локално ниво.

mapsi

Специфични цели:
– Зајакнување на улогата на релевантните чинители (единици на локалната самоуправа, владини институции, невладини организации и други релевантни чинители) во развој, спроведување и следење на програми за социјална вклученост со посебен фокус на градење на партнерства, вмрежување и соработка;
– Зголемување на учеството на сите локални чинители за да се подобри или да се создадат можности за луѓето во социјален ризик и лицата кои се социјално изолирани да имаат лесен пристап на пазарот на трудот;
– Заинтересираните страни да играат активна улога во развојот, спроведувањето и следењето на програми за социјална инклузија на локално ниво.
Целни групи:
– Ранливите групи и лица изложени на социјални ризици на локално ниво во секоја од 18 општини (млади и жени);
– Вработените во локалната администрација, јавните институции и граѓанските организации кои работат во областа на социјалната инклузија на најранливите групи.