In4Child

logo11

Проектот In4Child е имплементиран од страна на Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Висока медицинска школа Битола, кој што се осврнува на еден од најитните и најважните предизвици на прекуграничната област и на поширокиот регион: пристапот на децата од ранливи популации до психо-социјална и здравствена заштита, како и развивање мрежа за соработка за заеднички интервенции од страна на волонтери, истражувачи од социјални/хуманистички науки и здравствените работници.

Конзорциумот на партнерите бара размена на know-how, добри практики и алатки, со цел да се обезбеди социјална поддршка за децата кои припаѓаат на ранливи групи и се изложени на ризик, и развиваат иновативни образовни интервенции за децата и родителите.

Главните целни групи се:

    Деца што работат и / или живеат на улиците
    Деца што живеат во ромски населби
    Деца бегалци во северна Грција и во Република Северна Македонија, во близина на границите (пограничниот регион
    во Килкис, кампови за релокација во Неа Кавала, Диавата, Керсо и други кампови во соодветната област и областа Гевгелија).
    Деца што живеат во оддалечени области без пристап до услуги и објекти
    Родители / членови на семејството
    Заинтересирани / едукатори / социјални научници / волонтери

Главната цел на проектот In4Child е да го подобрува пристапот на децата од ранливите популации кон психосоцијални и здравствени услуги, истовремено обезбедувајќи образовни интервенции насочени и кон децата и родителите. Проектот спроведува сеопфатен пристап за олеснување на пристапот до децата во движење, децата на улица, како и децата од други ранливи групи (Роми, мигранти, рурални средини).

Луна Тринити во контекст на овој проект има улога на организаттор и за таа цел ќе бидат организирани и спроведени 11 обуки/работилници во Хотел Театар-Битола и ќе бидат опфатени следниве теми:

    Обуки за работа со деца во движење – 4 обуки
    Обуки за тренери за „Компас“ – 2 обуки
    Обуки за тренери за „Компасито“ – 2 обуки
    Обуки на волонтери – 3 обуки