НАД РАЗЛИКИТЕ -Beyond Differences

audio-kniga

Здржението Луна Тринити Тренинг центар за личен развој, комуникација и советување од Прилеп во периодт од 1 април до 20 јули го спроведувше на проектот „Beyond differences“ – „НАД РАЗЛИКИТЕ“кој што беше поддржан од „Здружението Мировна акција Прилеп/Тетово во партнерство со Центарот за мировни студии од Загреб во рамки на проектот „Поддршка на процесот на интегрирано образование во училиштата” а кој што е финансиран од Делегацијата на Европската Унија во Македонија и ЦИВИКА Мобилитас.

Целта на овој проект беше: Промоција на меѓуетничката интеграција во образованието (МИО) на пошироката јавност како и придобивките кои ги овозможува овој начин на работа со учениците.

Проектот се одвиваше во три етапи:

Првата етапа спроведување на МИО активности со ученици од три основни училишта и тоа ООУ „Кирил и Методиј“ с.Канатларци, ООУ „Климент Охридски“ –Прилеп и ООУ „Лирија“ –с.Житоше.

Погледнете го видеото и видете како учениците се дружеа, твореа и се забавуваа.

Она што се појави како продукт од овие средби е следнава аудио книга во која што можете да уживате во изведбите на четири наставни јазика: македонски јазик, албаски јазик, турски јазик и бошњачки јазик.

АУДИО КНИГА

Втората етапа: Основните училишта од нашата општина беа посетени и беше разговарано со наставниците на тема: Што за нив лично заначи интегрирано образование.

Во следново видео можете да ги видeте ставовите на дел од просветните работници и нивните пораки упатени до пошироката јавност.

Третата етапа: формирана на работна група со преставници од секое основно училиште вклчувајќи наставници и родители, преставници од општината- секторот за образование како и преставници од БРО кои што изработија акционен план за подобра промоција на МИО активностите на пошироката јавност во општина Прилеп во наредната учебна година.

Поголем дел од основните училишта имаат планирано и реализирано МИО активности но тој процес на реализација наидува на бројни предизвици како што е голем број на моноетнички училишта во општината па одтука произлегува нужноста од партнер училиште од друга општина.Тоа пак води до финансиски предизвик за успешна и квалитетна релаизација на активности од меѓуетничка интеграција. Но и покрај тие предизвици основните училишта како: ООУ „ Кирил и Методиј“ с.Канатларци, ООУ „Круме Волнароски“ с.Тополчани, ООУ „ Блаже Конески“, ООУ „Кочо Рацин“, ООУ „Добре Јованоски“, ООУ„ Гоце Делчев“ , и ООУ „Манчу Матак“ општина Кривогаштани , имаат со што да се пофалат:

Погледнете што се имаат овие училишта реализирано:

Прв дел:

Втор дел: