Обука за работа со деца во движење

logo11

Ве покануваме да се пријавите на ОБУКАТА ЗА РАБОТА СО ДЕЦА ВО ДВИЖЕЊЕ која што ќе се одржи на ден 23.04.2019 год., вторник во Хотел Театар во Битола.
Пријавата и подетални информации можете да добиете на следниот линк: pokana-i-prijava-za-obuka-za-rabota-so-deca-vo-dvizenje

Обуката е во склоп на проектот In4Child кој што се имплементира од страна на Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Висока медицинска школа Битола, и се осврнува на еден од најитните и најважните предизвици на прекуграничната област и на поширокиот регион: пристапот на децата од ранливи популации до психо-социјална и здравствена заштита, како и развивање мрежа за соработка за заеднички интервенции од страна на волонтери, истражувачи од социјални/хуманистички науки и здравствените работници.

Главната цел на проектот In4Child е да го подобрува пристапот на децата од ранливите популации кон психосоцијални и здравствени услуги, истовремено обезбедувајќи образовни интервенции насочени и кон децата и родителите. Проектот спроведува сеопфатен пристап за олеснување на пристапот до децата во движење, децата на улица, како и децата од други ранливи групи (Роми, мигранти, рурални средини).

Меѓутоа за да се овозможи остварување на оваа цел, институциите имаат потреба од дополнителна поддршка од граѓани и граѓански организации кои ќе бидат дополнително обучени за работа со деца во движење, за методи на заштита на човекови права и волонтеризам. Преку спроведените активности ќе се направи една група на експерти и волонтери кои ќе стојат на располагање на институциите во заштита на човековите права, а посебно на правата на децата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *