Обука за тренери „Компас“

logo11

Ве покануваме да се пријавите на ОБУКА ЗА ТРЕНЕРИ според методологијата за едукација на човекови права на млади според прирачникот Компас, издание на Совет на Европа која што ќе биде во траење од четири дена и тоа 8,9,15 и 16 јуни 2019 год., во Хотел Театар во Битола.

Пријавата и подетални информации можете да добиете на следниот линк:
pokana-_prijava_obuka_-treneri-_kompas

Обуката е во склоп на проектот In4Child кој што се имплементира од страна на Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Висока медицинска школа Битола, и се осврнува на еден од најитните и најважните предизвици на прекуграничната област и на поширокиот регион: пристапот на децата од ранливи популации до психо-социјална и здравствена заштита, како и развивање мрежа за соработка за заеднички интервенции од страна на волонтери, истражувачи од социјални/хуманистички науки и здравствените работници.

Главната цел на проектот In4Child е да го подобрува пристапот на децата од ранливите популации кон психосоцијални и здравствени услуги, истовремено обезбедувајќи образовни интервенции насочени и кон децата и родителите. Проектот спроведува сеопфатен пристап за олеснување на пристапот до децата во движење, децата на улица, како и децата од други ранливи групи (Роми, мигранти, рурални средини).

Меѓутоа за да се овозможи остварување на оваа цел, институциите имаат потреба од дополнителна поддршка од граѓани и граѓански организации кои ќе бидат дополнително обучени за работа со деца во движење, за методи на заштита на човекови права и волонтеризам. После завршувањето на сите обуки, ќе биде создадена група од 30 лица кои ќе бидат обучени за тренери за методологијата Компас за човекови права. Оваа листа ќе им биде дадена на користење на релевантните институции кои понатаму ќе можат да ги користат овие лица за нивните потреби за реализацијна на обуки за човекови права според методологијата на Компас.

Компас според многу луѓе вклучени во младинската работа базирана на вредности и неформалното образование преставува референтен прирачник за едукација на човекови права на млади.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *