Ривалство во воспитувањето

Кога двајца заљубени уживаат во љубовниот транс и кога си разговараат за нивниот иден прекрасен живот, збогатен со идни прекрасни дечиња обично се препиркаат за тоа на кого повеќе ќе личат децата, што ќе наследат од едниот а што од другиот, какви очи ќе имаат, боја на коса, заби, нејзини, негови…дали ќе бидат машки, женски … колку ќе бидат на број итн. Вљубениот пар не ја ни насетува опасноста што се вика воспитување и правила, која секогаш е добра подлога за конфликтни ситуации меѓу родителите а во многу од случаите и подлога за конфликт меѓу семејствата по потекло. Добро познатото „МОИТЕ“ наспрема „ТВОИТЕ“.

dvojka

Многу теми паровите ќе имаат елаборирано пред да се решат да го прошират своето семејство, но не сум многу сигурна дека некои разговараат за тоа како ќе ги воспитуваат своите потомци. Погрешно е да се потпирате на тезата дека со станувањето на родител т.е имањето на дете автоматски, спонатно, само од себе ќе се развијат и родителските вештини. Морам да Ве разочарам доколку верувате во тоа. Со раѓањето на детето Вие станувате родител, но родителските вештини ги стекнувате и ги развивате паралелно со нивното растење.

Има родители кои се држат цврсто до ставот, „мене ме изгледале и воспитале моите родители ништо не ми фали,“ така ќе ги воспитувам и јас моите деца. Да, се разбира тоа е одлична идеја, но што се случува со партнерот кој исто така го изгледале и воспитале неговите родители, исто така „ништо не му фали“ и тој/таа ќе си ги воспитува децата копирајќи го стилот на своите родители. И тоа е секако во ред, се до оној момент кога родителите ќе демонстрираат чии методи се попрактични и даваат подобри резултати, дали на „мојата“ или „твојата“ фамилија воспитните мерки се подобри.

family.haijai.com/problems_within_the_family/

Ноќната мора започнува кога детето има одприлика две години а родителствувањето на мама и тато капитулира со тоа што постојано е изложено на ривалство. Кога има несогласување во родителствувањето она што обично се случува е едниот родител тендециозно се однесува како построг додека другиот тенденциозно се однесува како попопуслив родител.

parents-fightingaffects-kids-psychology

Тука почнува маѓепсаниот круг, попусливиот родител се лути на построгиот дека е крут, премногу бара, строг е кон детето, додека построгиот родител се лути за однесувањето на својот партнер дека е мек, премногу му дозвлува. Она што обично се случува во овој непријатен тек на настаните е тоа што строгиот родител станува уште построг а попусливиот родител уште попопуслив.

Големите разлики доведуваат до мислење кај двајцата родители дека едниот лошо влијае на детето односно дека го „упропастува“ детето и во таква ситуација природно се вклучуваат механизми за заштита на детето.

Застанете малку од кого го штитите детето? Од другиот родител?! Проблемот е тука што секој родител ја гледа сликата низ својата призма, не се ни обидува да ја разбере страната на својот партнер/ка.

Децата се од големо значење за секој родител и во ова ривалство можат да испливаат на површина многу непријатни емоции кои ќе ви го отежнат секојдневното функционирање. Имајте на ум дека не е од големо значење воспитната мерка кон детето тукувашиот меѓусебен однос на кој децата сведочат.

retail-vs-leisure-the-battle-for-valentines-day-2017

За детето е најдобро да добива внимание, посветеност и љубов од двајцата родители што верувам дека тоа им го овозможувате на своите најмили, но доколку имате проблеми околу усогласувањето на воспитните ставови, препорачливо е да се консултирате со стручно лице. Да се биде родител не е инстиктивна рекација, има многу да се научи за родителствувањето, бидете добра пример за своите деца и вложете во себе си.