Мировна Револуција

Мировна револуција или Peace Revolution е проект кој е започнат во 2008 година во Тајланд се со цел промовирање на културата на мирот со практикување на медитација и mindfulness.

Слоганот на Мировната Револиција е Мир внатре Мир надворPeace In Peace Out (PIPO) и се залага да секој поединец прво работи на себе за да ја постигни променета која што сака да ја види надвор од себе. Фондацијата за иницијатава на светски мир (World Peace Initiative Foundation) верува дека мирот во целиот свет е возможен, само и само ако секој поединец се сврти кон себе си и започне со развивање и култивирање прво на мир во себе си. Така освен што ќе имаме ние самите добробит од култивирање на внатрешен мир исто така и средината во која што делуваме ќе има добробит со тоа што ќе допринесуваме за ширење на културата на мирот.

Иднивидуланта свесност е клучниот фактор која ќе допринесе за свени акции и на тој начин ќе допринесе ширење на мирот кон надвор, во своето семејство, во својата заедница, на работното место, помеѓу пријателите…

Мировната Револуција ниди бесплатна програма за себе развој од 42 дена каде што ќе научите за техниките на медитација кои ќе придонесат за внатрешен мир на секој од вас. Програмата нуди водечки секојдневни сеанси и можност за размислување на одредени теми кои се важни и се во насока на подржување и поттикнување на развојот на поединецот и интегрирањето на mindfulness во секојдневниот живот.

Искористете ја оваа можност и уште денес започнете со програмата!

mirovna-revolucija

Тимот на Луна Тринити исто така верува во оваа идеја и истата ја подржуваа со тоа што во нашите простории секој вторник и четврток имаме група за медитација каде што сесиите се водат на македоски јазик.