Патот до емпатија

buling

Овој пост е инспириран од документарецот Деца полни со живот режиран од Noboru Kaetsu.
Имам и јас сеќавања од мојот одделенски наставник. Одма да кажам дека не се во корелација со сеќавањата на овие деца за нивниот Mr. Kanamori. Имам триесет и шест години а се уште живи сеќавања од тој период. Наставничката секогаш стокмена, со сите салтанати, се беше кај неа во тренд односно нејзината надворешност.

Сега од оваа перспектива и моето животно и работно искуство сфаќам дека била гнила од внатрешноста. Ја осудував, не велам не, ама сега сум благодарна затоа што ми покажа како не треба во животот да се однесуваш кон луѓето, а посебно не кон децата кои се уште по ранливи и по кршливи од возрасните.

ucitelstvuvanje

Со изразите „за ништо не ве бидува“, „ Мојата внука што е помала од вас повеќе знае“, „Глупи“, „Скапаници“, да не ме сфатите погрешно имаше и од нејзина страна проток на убави зборови, ама ете тие не ми се толку врежани во сеќавањето. Што на оваа жена животот и има приредено само таа си знае, за да блуе во училницата непочитување , нетолеранција, дискриминација по секаков однос, полов , родов , етнички, социјален… Не бев нејзина миленичка, а таа ги имаше неколку. Добив статус на миленичка последната година кога буквално си го “купив местото“ со парче целофан. Од мала научив дека со пари можеш да купиш човек, ама љубов и вистинско почитување не.

Ти благодарам за тоа драга наставничке, верувам дека животот и тебе ти бил тежок.

Мојата училница беше полна со булинг, јас бев жртва, и многу други беа, кога тој што те води ти прави булинг, многу нормално е да малите глави го следат тоа. И јас правев булинг врз послаби од мене деца и искрено многу се срамам и каам поради тоа. Ме викаа дебела, јас ги викав глупи.

Кога син ми дојде од училиште и ми кажа дека на едно од девојчињата во одделението, се нашол некој паметен, да и залепи епитет дебела, не останав имуна и му ја раскажав мојата приказна.

buling-stop

Со солзи во очите ме праша зошто децата ме викале така, му реков размисли зошто вие сега ја викате вашата соученичка така? Што мислиш, како се чувствува таа? Што мислиш, мора сите да бидат слаби, дебели, дали мора да бидеме сите исти? Убавината во светот е во различностите. Ќе застанам на нејзина страна – ми рече. Да тоа е вистинскиот начин да и покажеш дека се грижиш за неа, одлична идеја – му вратив. Секогаш имај на ум дека некој повредува некого затоа што и него го повредувале, секогаш кога имаш можност покажи како треба, заштити го послабиот, создавај мостови во училницата, не гради ѕидови.

Емпатија е способност да го разберете другиот и да ги делите неговите чувства, го знаете сите добро познатиот израз „да се ставиш себе си во чевлите на другиот“.

empathy-hero-banner

Децата се егоцентрични т.е. насочени кон себе и само кон себе, посебно ако се растат во презаштитнички услови каде не му е дозволено од страна на родителите да имаат т.е. да изразуваат негативни емоции.Децата можат да се научат на емпатија, но побитно е колку ние возрасните ја имаме оваа вештина развиено?

2012220232451198734_20

Сакам да изразам голема благодарност до мојата мајка, жена борец, која ме научи и ми покажа како да вложувам во себе си и да го развивам срцето и умот. Која што ми овозможи во нејзини рамки и можности заедно со мојот татко, да имам образование, а со тоа ми направија линк до многу луѓе кои исто така придонесоа за развивањето и продлабочувањето на емпатијата во мене( има уште да се работи) Ви благодарам родители.

Семејството те става во калап,образовниот систем те става во калап, опшеството те става во калап, ех да беше барем овој калап полн со љубов, разбирање, позитивна енергија, толеранција на различноста, тимска работа, грижа еден за друг.

compassion-and-empathy-for-our-world-1024x684