Вербален напад

words-are-weapons

Зборовите многу често знаат да болат и тоа многу повеќе од шлаканицата. Знаат да засечат длабоко и да направат рана која „крвави“. Но дали ќе дозволиме нечии зборови да не „засечат“ зависи само од нас самите. Како да се реагира ефективно при вербален напад, бара свесност, бара знаење на комуникациски вештини, бара познавање на себе си, бара способност на „зауздување“ на своето его, бара љубов и разбирање. Она што нашата култура не охрабрила е да враќаме со иста мера кога сме нападнати некогаш дури и повеќе. Но тоа знаеме од искуство дека е ќор-сокак. Мене ми се чини дека е поефективно да „убиеш некого со својата љубезност, емпатичност и разбирање“ отколку да се фаќаш на „јадицата“ од човек, колега, член од семејството, пријател, кој употребува насилни аргументи, деградирачки и навредливи епитети или пак употребува пасивно-агресивно однесување.

h-031462537329

Она што можете да го забележите кај агресорите кога напаѓаат е дека се всушност неразумни, ирационални со народен жаргон кажано „тресат глупости“. Тие глупости се всушност непријателскиот јазик кој се слуша од страна на агресорот кој не изговорен со цел да пренеси некоја значајна порака, туку да ја земе контролата над ситуацијата, односно да ве контролна вас – жртвата. Не грижете се, можете да ја вратите својата моќ, но не со обид да го разберете аргументот кој е упатен, впрочем тој аргумент ќе биде секако некаква бесмислица и вложениот труд да се разбере таа бесмислица е бескорисен.

Скоро се во животот е процес на учење, одлука, посветеност, време и пракса така и ефикасната реакција на вербален напад треба да се проучи, научи, усвои и имплементира во комуникацијата.

the-silent-treatment-006-woman-ignoring-man-screeming

Игнорирање: Овој начин на реакција е посебен предизвик кога некој ви врши во лице а вие сакате да возвратите и да го нокаутирате. Изгледа нереална но многу моќно. Агресорот всушност сака да ве повреди и вие да реагирате од позиција на повреденост, но доколку останете смирен/а на сите провокативни имиња кои ќе ги слушнете, ќе направите простор тие зборови да паднат пред вашите нозе. Ќе направите да воопшто не допрат до вас. Зборовите ни се важни кога се идентификуваме со нив. Не правете го тоа, односно пробајте да вежбате во секојдневната комуникација. Не го земајте ѓубрето, само оставете им го на агресорите.

dealing-with-people-you-dislike

Останете смирени: Односно обидете се да не реагирате емоционално… тешко знам ама и тоа е возможно. Сетете се дека не сте знаеле да пливате ама сте научиле. Агресорот всушност сака да ве види расплакан/а, сака да ве види дека губите контрола, дека вриштите. Со тие емоции тој се храни, со тие емоции тој ја добива битката. Моќта ќе ја имате во свои раце ако само се сетите и дека и агресорот е човечко битие кое само тоа си знае што се му се случило во животот за да ги третира другите на тој начин. Парализирајте го со своето сочувство и љубов.

569ee281e4c740_dont-cross-the-line

Поставете јасни граници: Оваа практика е многу корисна за развивањето на самодовербата и себепочитувањето. Вие сте тие кои треба да ги научите луѓето како да ве третираат. Поставувањето на граници е првично тешко, но со храброст и конзистентноста се покажува во пракса како многу ефективно.

Неколку примери за поставување на граници: „ Намали го гласот, знам дека имаш многу да кажеш, но разговорот ќе го продолжиме откако ќе се смириш, одбивам да учествува во неконструктивен разговор“, „Внимавај на речникот, знам дека можеш и подобро да се изразуваш, во спротивно ја напуштам просторијава.“

trpenie-spasenie

Дајте си време: Не случајно е изреката изброи до 10 па потоа реагирај. Но кога ќе видите дека и броењето до десет не ви помага да ја стабилизирате вашата емоционална состојба дајте си време. Секогаш е корисна реченицата „ Гледам и двајцата/двете сме многу вознемирени, ајде да оставиме малку простор да се „излади “ ситуацијава и да разговараме со смирени глави“. Согласувањето и давањето простор и на себе и на другиот ќе доведе до преиспитување на разговорот и до рационални реакции отколку до емоционални.

gorivo-vo-ogenat

Не додавајте бензин во огнот: Кога гледате дека некој ви го сервира своето лудило на тацна се разбира дека имате потполно право да не го земете. Останете смирени, доследни и прибрани.

Concept of difficult and risk in business affairs

Предвидување и избегнување: Како што рековме во вербалните насилни односи пости агресор, жртва и циклуси на повторувачко однесување. Жртвата има способност да ги насети овие циклуси. Со спротиставување нема да промените ништо но со избегнување ќе се заштите те себе си, направете било што, што е корисно за вас, останете подолго на работа, посетете пријател, семеен член, прошетка во природа било што во моментот вас ќе ви даде време да си „легнат работите на свое место“.

standing-up-for-yourself

Застанете зад себе си: Постојат мирни и рационални начини за една личност да застане зад себеси без да биде емотивна или агресивно да се однесува. Најдете начини да бидете храбри и сигурни. Ако некој ве деградира и омаловажува, добро е да се каже: “Овие нешта се невистинити и тоа е неприфатливо да се каже за мене” или “Не зборувај со мене на тој начин, вредам многу повеќе од таа изјава, јас знам а и ти знаеш.“

Учењето на начините како да реагирате ефективно при вербален напад може да биде застрашувачко но не се обесхрабрувајте. Секако не постојат совршенства, не си правете непотребен притисок врз себе си. Полека но сигурно почнете да ги практикувате овие начини се додека не станат ваша карактеристична реакција. Ќе дојде момент кога ќе бидете горди на себе си.

Луѓето не третираат онака како што ќе им дозволиме но некогаш треба и да ги научиме како да се однесуваат со нас.