Што е тоа Клиринг?

Што е тоа Клиринг?

Кога наидуваме на проблем или нашит тим како што сака да каже, кога ќе се соочиме со одреден животен предизвик, се обидуваме на најразлични начини користејќи ги своите капацитете за справување со кризи, да тоа го решиме т.е. да го совладаме предизвикот и да се обидеме повторно да бидеме функционални. Клирингот е систем на теорија и пракса која се фокусира на потешкотиите кои произлегуваат од меѓучовечките односи (тука ги вбројуваме односите помеѓу родителите, партнерите, децата, колегите итн.)

man-with-question-06

Како метод на работа, клирингот е заснован на откритието дека психолошките проблеми се јавуваат како резултата на неспособноста да се остварат автентични и задоволителни меѓучовечки односи, посебно со нашите најблиски. Секојдневно втурнати во виорот на односи-релации од различна природа ние секако сме си експерти за создавањето, развивањето и одржувањето на тие односи, клирингот како терапевтска метода доаѓа на сцена кога тие односи ќе станат до тој степен дисфункционални, што ја пореметуваат хомеостазата на индивидуата. Па така доаѓа до нарушување на емоционалниот, телесниот и умствениот систем и кога овие системи се дисфункционални итекако влијаат на квалитетот и квантитетот на односите кои се обидуваме да ги одржуваме.

Едноставо кажано од клирингот добробит може да има секој човек кој сака да си ги подобри односите со луѓето во своето опкружување. Начинот на кој тоа се прави е со помош на комуникација и контемплација од страна на обучен клирер и клиент на ниво на свесни индивидуи, во рамноправен однос, сигурна средина со висока доза на етичност во работењето.

Кој би имал продобивки од клирингот? Секој оној што сака да работи на себе, кој сака да се ослободи од емоционалните набои, кој сака да се ослободи од влијанието на несвесните содржини, кој сака да го подобри квалитетот на своите односите, доколку смета дека воспоставува крути,конфликтни односи или пак чуствува голема доза на срам и повлеченост во релацијата со надворешниот свет. Во сенасите акцентот е ставен на процесирањето како главна каректеристика на клирингот кој го двои од другите методи каде повеќе се обрнува внимание на интерепретацијата и на советувањето.
Во сеансите клиентот може да ја почуствува моќта на слушањето претсавена од страна на обучен клирер кој со своето присутво и неосудувачкиот став му помага на клиентот при процесирањето на одредена тема која е значајна за него и секако да го почуствува лечебното дејство кое настанува како поседица од растеретувањето на набоите (емоционални, умствени, телесни, психички) кои него го кочат во животот.

images