Принципи на работа

Семејна и системска пракса базирана на системски пристап е организрана форма на стручна помош и научно докажано ефикасна психотерапевтска метода за разрешување на бројни индивидуални, брачни, родителски и семејни кризи и проблеми.
Семејната психотерапија е психосоцијална интервенција насочена кон семејството како целина, со психотерапевтски методи на лекување фокусирани на промена на на семејните односи и начиот на семејното функционирање. За разлика од останатите психотерапевтски школи и правци, семејната психотерапија како единица за изучување, дијагноза и третман го зима целото семејство, согледувајќи го како жив систем во промена, фокусирајќи се на интерперсоналните процеси, т.е. на релациите помеѓу луѓето, во контекстот на нивното живеење. На тој начин се разрешуваат психолошките и психијатриски проблеми во семејството и се постигнува подобар квалитет на индивидуалното и семејно живеење.

family-2

Освен тоа, семејната и системска психотерапија е оригинална по разбирањето на каузалноста на настанувањето на проблемите и тешкотиите во индивидуалното и семејно живеење. Наместо линеарната (причинско-последична), овој пристап го нуди циркуларниот модел на каузалност, според кој последицата е едновремено приична која станува последица. На тој начин, проблемите добиваат релациска димензија во која одговорноста за состојбите е взаемно споделена меѓу учесниците во интеракцијата.
Клиринг е систем на теорија и пракса кој се користи како помош на човекот во решавање на неговите проблеми и животни потешкотии произлезени од меѓусебните односи со другите, како и сопствени ментални, телесни, емоционални и духовни потреби и потешкотии. Целта на клирнигот е да помогне на клиентите да ги развијат своите способности за создавање односи со другите, да го подигнат нивото на свесност, да ја унапредат својата автономија и слобода како и да го подигнат нивото на личната одговорност.

Стандардните добитоци од Клирингот се: внатрешен мир, поголема отвореност во односот со другите, поголем степен на реализација, нов начин на реагирање како и конструктивно и одговорно делување.

maxresdefault

Трансакциона анализа како терапевтски правец кој произлегол од психоанализата е моќен начин на анализирање на начинот на кој ние комуницираме едни со други и како можеме да издејствуваме промени во животот со внесување на корекции на нашите бихејвиорални грешки.
Хипотезата на Ерик Берн е дека луѓето формираат шема која е суштински поврзана со верувањата на личноста за тоа која е, каков е светот и како таа е поврзана со светот, како светот е поврзан со неа и како другите ја третираат. Дел од психолошките теории предлагаат дека оваа шема се формира до четвртата или петтата година од животот. Шемата на интеракции и однесување се формира врз основа на воспитанието на личноста, нејзиното искуство и начинот на кој ги интерпретира стимулсите кои се надвор од внатрешната референтна рамка.

f1010678cc0a878fde0d086890f97ae1

Улогите на Прогонител, Спасител и Жртва се портрети на психолошки игри. Служат за игри на моќ и ја спречуваат психолошката еднаквост во односите.