Медитација

Медитација, што е тоа? Како се прави? Што треба претходно да знам? Живееме во прекрасно време и истовремено многу стресно невреме, каде многу информации се достапни, каде сетилата се бомбардирани од најразлични стимулси, каде стравот владее, каде слобаодата сака да биде откриена. За медитацијата има многу печатен, електорнски , сликовит и секаков вид на материјал што ќе ви падне на памет. Но, што да одберам и како да почнам? Видете тоа се прашања кои произлегуваат од умот. Умот не секогаш ни е добар пријател така што треба време, дисциплина и посветеност за да би бил добро истрениран па да ни служи во наша т.е ваша корист.
Со практикување на медитација, секој ден, да секој ден нема исклучоци, може да се отстрани стресот така ќе прочитате некаде, меѓутоа моето видување е дека стресот нема да го отстраните туку ќе ја трансформирате вашата рекација на стресот а со тоа ќе си приуштите доза на внатрешен мир. Стресот секогаш постоел, начинот на кој што ние регираме на стресот е клучот во ослободувањето. Медитацијата е една од најдобрите алатки кои јас лично ги имам користено и морам да признам доста помага во балансирањето на емоциите( да не се залажуваме дека секогаш ќе имате позитивни емоции и ќе живееме во бајка туку дека ќе знаме да се носиме и со позитивните и со негативните емоции). Велат дека било тешко да се практикува медитација без учител или водич. Не се сложувам. Едистевно што ви треба е одлука, решеност и посветеност. Сепак на почетокот е доста конфузно, бидјќи умот ќе си направи низа на очекувања и колку поголеми очекувања толку поголеми разочарувања. А убавината во меидтацијата е да нема очекувања. Наједноставата форма на медитација која ја имам практикувано можете да ја најдете на следнава веб страна https://peacerevolution.net/.

Откако ќе ја поминете програмата од 42 дена за личен развој се надевам ќе посакате да практикувате медитација . Всушност се надевам дека ќе станете медитација.
Исто така ќе прочитате дека медитацијата бара напор, па нели ви е напорно да постојано бидете негативни, се жалите, гледате што и да гледате и пак ќе речам, да бидете негативни.

banner-layout

Медитацијата нека биде мал предзвик , или уште поубаво доживотен проект. Ако можам постојано да бидам негативен, се жалам, незадоволен и обвинувам друг за мојот живот, значи доста сум упорен. Имам големи шанси таа упорност да ја насочам во друг правец како на пример медитација.

Ви посакувам успех!