За нас

Почитувани пријатели,

Добредојдовте на веб локацијата на Тренинг центарот за личен развој, комуникација и советување ЛУНА ТРИНИТИ.

Потребата за формирање на „Луна Тринити” се наметна како резултат на постојаната потрага во воспсотавување на баланс на приватниот сегемнт од животот и професионалниот. Како најфункционално да се употребува и менаџира својот личен потенцијал, своето време и своите ресурси како на индивидуално ниво така и на смејно и секако на партнерско ниво.

Населението во Прилеп па и пошироко има доста негативен став и страв во однос на психолошкото советување и психотерапијата. Ние, тим од едуцирани психолози, советувачи и психотерапевти сакаме да го искорениме тој страв, да ги едуцираме граѓаните и да ја подигнеме нивната свест, преку испраќање на јасна порака до сите дека на секој човек или семејство во одредена животна фаза им е неопходна психолошка помош и дека како што лекарите ни помагаат при опораувување на телото така психолозите ни помагаат при опоравување на реакциите, емоциите, умот, ни помагаат при опоравување на душата. Ние сме тука да заедно вложиме напор во изградбата на функционални единки, свесни граѓани, себереализирани професионалци, кои ќе придонесуваат за подобро сега, за подобро утре.

stick-family-1449578741cav

ВИЗИЈА:Себереализирани граѓани кои умешно управуваат со својот личен потенцијал.

МИСИЈА:да им помогнеме на граѓаните да си створат простор во кој што ќе научат како да ги препознаат и развиваат сопствените потенцијали.

Стратешки цели на Здружението се:
1. Придонесување кон личниот раст и развој на населението
2. Подобрување на комуникациските вештини на населението
3. Обезбедување на советодавна помош за надминување на личните и семејните проблеми на населението.