Почетна

Личен раст и развој:

Можеме да освоиме илјадници луѓе во илјадници битки, но најголемата победа е да се победиме самите себе си. Да го негуваме својот дух преку самореализација и себеостварување.
Сметате дека вашите способности и потенцијали не се искористени во целост? Имате чувство дека постојано сте во трка со времето или чувство на дисконектираност од себе си, од околината од партнерот или семејството? Мислите дека нешто е погрешно и дека тоа нешто треба да се промени или усоврши?
Луна трнити е место каде вие би можеле да ги надминете тегобите од различна психичка, емоционална и физичка природа преку ослободување од грижата на совест, намалување на чувството на срам или нелагодност со помош на професионалци кои би биле вашето алтернативно огледало.
Луна тринти со својата програма за личен раст и развој ви нуди можност за добивање на реален увид на своите потенцијали како би можеле полесно да се прифатите себе си и своето однесување.

shutterstock-training-3-cropped-reduced

Комуникација:

Колку ние знаеме да комуницираме? Како реално комуницираме? Што пренесуваме како информација кога зборуваме, а што слушаме? Како ги пренесуваме нашите пораки, колку сме јасни за себе и за другите? Како комуницираме со децата? Како со возразсните? Како е тоа во семејството? А како на улица? Како со шефот, како со работникот? Како со јавната администрација? Колку чести се ситуациите во кои имате чувство дека не сте разбрани, дека не ве слушнале добро.
На овие прашања, но и на многу други со кои секојдневно се соочувте, нашата програма за комуникациски вештини нуди одговори претопени во вештини и знаења кои ќе ви ја направат комуникацијата по ефикасна а вие ќе се чуствувате пофункционални.

Програмата ќе биде реализирана низ работилници како:
– машко женска комуникација – зошто мажите не ги разбираат жените и зошто жените не ги разбираат мажите
– комуникација со деца – како да им ги пренесете вашите пораки на вистински начин на децата
– семејна комуникација – како да споделите информации со семејството.

komunikacija

Советување:

Советување представува меѓусебен однос на клиентот, на кого му е потребна помош и психологот кој поседува знаење и способности за давање стручна помош. Довербата е клучниот фактор за одвивање на советодавниот процес. Истиот се одвива со цел клиентот да се растерети од неговите емоциоанални и психички тегоби.

family-counseling

Советникот е стручно лице кое воспоставува таков однос со клиентот така што го овозможува развојот и го поттикнува себеостварувањето кај лицето кое во моментот не се чувствува способно да се справи во одредена ситуација. Стручното лице обезбедува безусловна поддршка на клиентот и неговите потреби, активно го прати целиот процес и овозможува меѓусебна соработка. Тој ги препознава потребите и неефикасните одбранбени механизми на клиентот, а исто така му помага да ја открие својата способност со која може да ги препознае тешкотиите кои му се попречуваат на патот до успехот.

Советодавната работа представува предизвик за клиентот да научи како да да создаде нов вредносен систем и да научи добро да се справува со идните потешкотии при решавање на проблемите на кои ќе наидува.